Избраничките на Индира Кастратовиќ ја имаа честа први да започнат со тренинзи во новиот С.Ц.Јане Сандански кој свечено беше отворен пред неколку дена,и кој ќе биде нов дом на ракометните екипи на Вардар и на кошаркарскиот тим Мзт Скопје.Се очекува во новата сала,Вардарки да бидат домаќини и на силен турнир,кој ќе биде вовед пред почетокот на новата сезона.
Тренерот на женскиот ракометен клуб Вардар и една од најдобрите ракометарки во историјата на Македонија и Европа, Индира Кастратовиќ е пресреќна што нејзиниот клуб добива услови за тренинг и натпревари како што секој друг клуб посакува.
“Спортскиот центар Јане Сандански ги задоволува сите европски и светски стандарди поставени за еден ваков објект, едноставно јас и девојките сме презадоволни, ке работиме во една атмосфера во која секој клуб би посакал, а со самото тоа ќе се подобруваат и резултатите.” – изјави Индира Кастратовиќ за веб сајтот на спортскиот центар Јане Сандански.
Според Индира, спортскиот центар Јане Сандански престатвува еден од ретките спортски објекти кој нуди буквално се.
“Мислам дека е еден од ретките во Европа кој што има буквално се, хотел, две спортски сали, фитнес центар, аеробик центар. Тоа е наш дом. Благодарни сме за оваа можност која ни се овозможи, и секако, ние тоа соодветно ќе го оправдаме.” – додаде Кастратовиќ.На крајот Индира додаде дека ваков објект претставува само дополнителен мотив за неа и ракометарките.
“Како што и претходно кажав ова што нас ни се случува, други клубови го посакуваат и нормално ние тоа го цениме и ке го оправдаме. За нас овој објект представува дополнителен мотив во нови успеси. Со изградбата на овој објект се сврте еден сосема нов лист, се гледа кон далеку посветла иднина и најпросто реченено се започнува нова ера.” – заврши Индира Кастратовиќ.
Фото:жрквардар.мк
02.09.2014