Кадетската селекција на ЖРК Вардар, утрово замина за Белград, Србија каде во период од 27-ми до 29-ти декември ќе бидат дел од силен меѓународен турнир. Турнирот ќе се игра во главниот град на нашиот северен сосед, Белград. На турнирот “Трофеј Белград-2017,“ минатата година тие како пионери направија голем успех на овој силниот меѓународен турнир со освојува на “бронзата“. Ние претходно ви донесовме список на играчи кој тренерот Пецевска Драгана ќе го користи на овој турнир, истиот може да го погледнете- ТУКА!
Девојките ќе настапат во гнерација 2001/2002, а не како што беше највено претходно од организаторот во генерација 2003. Вардар се наоѓа во групата-Ц која содржи четири тима. Најдобриот тим ќе разигрува за медал со првите од другите три групи, вториот тим ќе игра за пласман од 5-8 место, третиот за пласма од 9-12, а последниот ќе се обиде во дуели со последните тимови да го одбегне дното. Групата Ц во која се црвено-црните девојки изгледа вака:
1.Вардар
2. Медицинар
3.Кока
4. Вождовац 1955
Групната фаза нашите девојки ќе ја играат во два дена, првиот ден, среда ги очекуваат два дуели, а во вториот ден ги очекуваа еден дуел од групата и натпревар за пласман. Распредот и термините за девојките на Драгана Пецевска изгледаат вака:
1.коло; Вардар: Кока 10-40ч. 27/12/2017
2.коло; Медицинар – Вардар 17-30ч. 27/12/2017
3.коло; Вождовац 1955- Вардар 16-30ч. 28/12/2017