Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одлична полусезона за Вардаровата генер. “2006“ во детската лига, која под водство на Сашо Јанев покажува победнички карактер
Одлична полусезона за Вардаровата генер. “2006“ во детската лига, која под водство на Сашо Јанев покажува победнички карактер

Одлична полусезона за Вардаровата генер. “2006“ во детската лига, која под водство на Сашо Јанев покажува победнички карактер

Двете екипи на Вардаровата генерација родени “2006“ година го финишираа есенскиот дел од сезоната во детската лига на првото место и на тој начин се промовираа во есенски шампиони. Двете екипи одиграа по 9 натпревари и само еднаш го почуствуваа поразот и тоа уште на стартот од сезоната во второто натпреварувачко коло. Вардар (1) на девет одиграни мечеви оствари осум победи и само еден нерешен резултат и без ниту еден пораз. Единствено екипата на Работнички во градското дерби успеа да ни одземе бодови, кои на крај се покажаа како единствени загубени бодови во овој прв дел од сезоната. Два натпревари добивме со службен резултат, поради отсуството на противниците , додека најубедливата победа беше во дуелот со екипите на Хет-Трик и Карпошово, кои беа изразени со двоцифрена разлика. Најдобриот натпревар можеби го одигравме против ланскиот финалист и освојувач на лигата во оваа генерација, тоа е екипата на Албарса, која ја совладавме минимално, но според бројот на шансите требаше да биде многу поубедливо. Со оглед дека оваа генерација ја започна сезоната со нов тренер, во името на Сашо Јанев, може да се каже дека имаше одлична полусезона. Јанев донесе новитети во играта на оваа генерација. Вардар (1) вкупно постигна 48 голови, додека прими само 5 и тоа само на два натпревари, кои погоре ги споменавме.

3106

Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Ринија 6:0

2 коло: Вардар – Шкупи 3:0 ( службено)

3 коло: Вардар – Хет- Трик 12:0

4 коло: Вардар – Албион 2:0

5 коло: Вардар – Работнички 2:2

6 коло: Вардар – Кул (2) 5:0

7 коло: Вардар – Албарса 4:3

8 коло: Вардар – Њу Јорк 3:0 ( службено)

9 коло: Вардар – Карпошово 11:0

Најдобар стрелец во оваа екипа е Давид Голубов кој има највеќе погодоци и тоа вкупно 9. Со по само еден, односно два гола заостануваат Николовски и Коловски. Интересно во листата на стрелци се запишуваше и голманот, Данстак и тоа со удари од белата точка. Вака изгледа листата на стрелци кај Вардар (1):

Давид Голубов

Давид Голубов

1. Давид Голубов 9

2. Марко Николовски 8

3. Стефан Коловски 7

4. Дарко Сековски и Михаил Николов по 4

5. Андреј Данстак 3

6. Олег Трифуновски и Дамјан Крстевски по 2

7. Димитар Порчу 1

Состав Вардар (1): Андреј Данстак, Драган Јанкоски, Дамјан Крстевски, Кристијан Галевски, Димитар Порчу, Михаил Николов, Дарко Сековски, Никита Патаровски, Олег Трифуновски, Марко Николовски, Стефан Коловски. 

Вардар (2) одигра исто така одлична полусезона, со само еден и единствен пораз и тоа уште во второто коло од екипата на Форца. На почетокот на сезоната, црвено-црните имаа дури 13 примени голови на четири натпревари, додека на останатите пет меча од есенскиот дел, нивната мрежа се затресе само еднаш, што говори за добрата игра и воиграност на овој состав во вториот дел од полусезоната.Како што напоменавме на девет одиграни мечеви имаа вкупно осум победи и само еден пораз. Имавме поефикасен напад, каде постигнавме 52 голови, додека примивме 14 погодоци.

31

Сите остварени резултати на Вардар (2) во есенскиот дел од сезоната: 

1 коло: Вардар – Смиљковци 6:5

2 коло: Вардар – Форца 2:4

3 коло: Вардар – Спорт Ефе 7:3

4 коло: Вардар – Кул (2) 3:1

5 коло: Вардар – Метеор  6:0

6 коло: Вардар – Фљамуртари 7:0

7 коло: Вардар – Грозданоски 7:1

8 коло: Вардар – Работнички 5:0

9 коло: Вардар – Фамос 9:0

Најдоброт стрелец во оваа генерација доаѓа токму од екипата на Вардар (2), а тоа е Олег Михајловски кој имаше одлична полусезона, постигнувајќи вкупно 14 голови. Ова е листата на стрелци кај оваа екипа:

Олег Михајловски

Олег Михајловски

1. Олег Михајловски 14

2. Михаил Танчев и Максим Цониќ по 9

3. Ангел Настевски 7

4. Никита Патаровски 3

5. Александар Миовски 2

6. Мирза Хасиќ, Марко Митев, Лука Митрески, Матеј Анастасов и Максим Митровски по 1

Состав Вардар (2): Дамјан Танески, Јован Илиоски, Ангел Настевски, Данил Ордевски, Александар Миовски, Олег Михајловски, Михаил Танчев, Максим Цониќ, Лука Митрески, Марко Митев, Матеј Анастасов, Максим Митровски, Мирза Хасиќ и Максим Краљевски.

Со оглед дека оваа генерација ја започна сезоната со нов тренер, во името на Сашо Јанев, може да се каже дека имаше одлична полусезона. Јанев донесе новитети во играта на оваа генерација, пред се поголема сигурност во играта во дел од одбраната, како и поголема организираност кога се однесува во градење на акции пред противничките голови. Голем напредок имаше пред се во играта на Вардар (2) кој на секој нареден натпревар играше се подобро и посигурно, што сигурно е мало изненадување за познавачите на оваа генерација и пред се оваа екипа.  Откако претходниве две години, оваа генерација не успеа да стане шампион, што е единствената без овој примат од сите останати генерации на ФК Вардар, се очекува оваа сезона под водство на искусниот стратег, Јанев, оваа генерација да стане шампион на Македонија во детската лига. Сепак патот ќе биде долг, а во оваа генерација има квалитетни играчи, кои можат да докажат дека се работи за квалитетна и надежна генерација на клубот.