Вардаровите фудбалери максимално го користат одморот по долгата и напорна есен каде настапија на три фронта и одиграа 33 официјални натпревари. Нашиот фудбалер, Тигран Барсегјан со поубавата половина се наоѓа во С.А.Д. каде што ги користи деновите од одморот. Тој присуствуваше на НБА натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Минесота.