Фудбалскиот клуб Вардар продолжува да ги изненадува и израдува најмалите, откако денес го посетија домот за рехабилитација на деца „25 мај“ во скопската населба Бутел. Филип Стојчевски, Игор Алексовски, Бесар Исени и Бојан Колевски денес подарија новогодишни пакетчиња на децата во овој дом и изнудија насмевки кај присутните. Пред неколку дена, Вардарци беа во посета и на О.У “Партенија Зоографски“, каде исто така делеа подароци. Вардар е синоним за најголем клуб во Македонија, па ваквите акции се очекувани кои треба само да зачестат во иднина.
-Задоволство беше да се биде тука меѓу овие деца. Нема поубаво чувство да се помага на оние кои тоа им е најпотребно, и среќни сме што успеавме да ги израдуваме овие деца во овие празнични денови, и за момент да им ги разубавиме новогодишните и божиќните празници, истакна Алексовски при денешната посета.