Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Младата екипа на ЖРК Вардар Јуниор имаше добра полусезона, која во пролетниот дел ќе атакува на втората позиција
Младата екипа на ЖРК Вардар Јуниор имаше добра полусезона, која во пролетниот дел ќе атакува на втората позиција

Младата екипа на ЖРК Вардар Јуниор имаше добра полусезона, која во пролетниот дел ќе атакува на втората позиција

Екипата на ЖРК Вардар Јуниор го заврши првиот дел од сезоната во најсилната женска супер лига на шесттото место на табелата. Младите Вардарки на 14 одиграни натпревари остварија седум победи, два нерешени резултати и седум порази. Оваа сезона екипата е многу поразлична од претходните две, кога ја сочинуваа поискусни и повозрасни ракометарки, таков не е случајот и оваа натпреварувачка сезона кога вториот тим на Вардар е составен од млади играчи, кои претходните пак години беа дел од младинските екипи на клубот. Со целосно променет состав влезе Вардар Јуниор во женската лига, каде шанса се дава на младите ракометарки, кои се желни за докажување. Единствено ако може да се каже “поискусни“ се Гичевска и Велкова, кои и претходните две години настапуваа за вториот тим на Вардар. Втора сезона во најсилната супер лига играат и Николовска, Божиноска, Георгиеска и Станиќевска, додека Јована Мицевска настапува за првиот тим на Вардар.

zk2

Најголемата победа ја забележавме против Овче Поле, додека очекувано највисокиот пораз е од “сестринската“ екипа на Вардар. Со оглед на младоста и неискуството, ова беше одлична полусезона за Вардар Јуниор, кој сигурно сме дека во пролетниот дел ќе игра позрело, подобро и ќе атакува на најгорниот дел од табелата, може и до вицешампионското место, кое е достижно за избраничките на Симе Симовски и Александар Царчев.

Ова се сите постигнати резултати на вториот тим на ЖРК Вардар во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар Јуниор – Металург 27:25

2 коло: Гегелија - Вардар Јуниор 29:29

3 коло: Вардар Јуниор – Овче Поле 39:23

4 коло: Куманово – Вардар Јуниор 38:24

5 коло: Вардар Јуниор – Деспина 28:21

6 коло: Вардар – Вардар Јуниор 48:19

7 коло: Вардар Јуниор – Пелистер 24:24

8 коло: Металург – Вардар Јуниор 27:18

9 коло: Вардар Јуниор – Гевгелија 27:27

10 коло: Овче Поле – Вардар Јуниор 24:28

11 коло: Вардар Јуниор – Куманово 29:26

12 коло: Деспина – Вардар Јуниор 25:30

13 коло: Вардар Јуниор – Вардар 10:45

14 коло: Пелистер – Вардар Јуниор 32:25

Вардар Јуниор има четврти најдобар напад во лигата со 357 голови, а нивна најефикасна ракометарка е Леонида Гичевска, која инаку се наоѓаа и во ТОП-10 листата на најдобри стрелци во лигата. Ова е составот на Вардар Јуниор кој се натпреварува во супер лигата.

14610912_1265274530190604_1815892435675120808_n1-660x330

Лево крило: Анастасија Николовска, Бојана Диневска
Лев бек: Леонида Гичевска, Ива Божиноска, Мартина Стефановска, Милица Николиќ.
Центар: Ангела Карчева, Ана Иванова.
Десен бек: Моника Георгиевска, Сашка Филипоска.
Десно крило: Ана Станиќевска, Ивона Трпевска.
Пикер: Ања Велкова, Шадије Реџепи, Александра Вељаноска, Ружица Атанасова.
Голман: Слободанка Кицеска, Андреа Илиќ.