Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар во посета на домот за рехабилитација на деца, “25 мај“, каде поделија новогодишни пакетчиња (ФОТО)
ФК Вардар во посета на домот за рехабилитација на деца, “25 мај“, каде поделија новогодишни пакетчиња (ФОТО)

ФК Вардар во посета на домот за рехабилитација на деца, “25 мај“, каде поделија новогодишни пакетчиња (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Вардар продолжува да ги изненадува и израдува најмалите, откако денес го посетија домот за рехабилитација на деца „25 мај“ во скопската населба Бутел. Филип Стојчевски, Игор Алексовски, Бесар Исени и Бојан Колевски денес подарија новогодишни пакетчиња на децата во овој дом и изнудија насмевки кај присутните. Пред неколку дена, Вардарци беа во посета и на О.У “Партенија Зоографски“, каде исто така делеа подароци. Вардар е синоним за најголем клуб во Македонија, па ваквите акции се очекувани кои треба само да зачестат во иднина.

gh6 gh7

-Задоволство беше да се биде тука меѓу овие деца. Нема поубаво чувство да се помага на оние кои тоа им е најпотребно, и среќни сме што успеавме да ги израдуваме овие деца во овие празнични денови, и за момент да им ги разубавиме новогодишните и божиќните празници, истакна Алексовски при денешната посета.

gh gh2 gh3 gh4 gh5