По завршување на настапите во СЕХА и Лигата на Шампионите, дел од ракометарите заминаа на заслужен одмор во своите родни земји, а дел се наоѓаат на подготовки со своите репрезентации, во пресрет на Европското првенство, кое во периодот од 12-26-ти јануари ќе се одигра во Хрватска.
Вчерашниот ден, кој беше католички божиќ, ракометарот на Вардар го искористи за собир со своето семејство во родниот Мостар. Игор заедно со неговите браќа, од кои едниот е исто така професионален ракометар, Иван Карачиќ, потоа родителите и внуците се собраа сите заедно да го прослават својот празник. Ретки се ваквите моменти, пред се кај професионалните играчи, кои во најголем дел од годината се наоѓаат во земјата каде играат, па ваквите празници се најпогоден момент за собир во семејството.