Сениорската машка ракометна репрезентација по официјалниот прв собир во понеделникот, редовно работи два тренинзи дневно во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Вчера, вардаровиот тренер и македонски селектор, Гаул Гонзалес се приклучи на селекцијата.
Според планот на подготовките, избраниците на Раул Гонзалез до крајот на календарската година ќе продолжат редовно да тренираат во Скопје, а на почетокот на следната, поточно на 4 и 5 јануари, ќе одиграат две контролни средби во Белград против селекциите на Саудиска Арабија и Србија. По Божиќ репрезентацијата продолжува со тренинзите во Скопје, а заминувањето за Загреб е предвидено на 12 јануари. Дел од селекцијата се капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов и младиот Поповски Мартин