Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки ја завршија полусезоната во сите натпреварувања, со 24 победи од исто толку одиграни натпревари
Вардарки ја завршија полусезоната во сите натпреварувања, со 24 победи од исто толку одиграни натпревари

Вардарки ја завршија полусезоната во сите натпреварувања, со 24 победи од исто толку одиграни натпревари

Очекувано екипата на ЖРК Вардар стана есенски шампион во најсилната супер лига, каде на 14 одиграни натпревари имаше исто толку победи, секако со убедливо најдобар напад и одбрана. Откако настапува во Лигата на Шампионите, ова е прва сезона за црвено-црните од самиот старт да се натпреваруваат во женската лига, што добро им послужи како еден вид мала подготовка пред натпреварите во најголемото натпреварување. Речиси на секој натпревар постигнувавме повеќе од 40 голови, а најмногу им дадовме на Овче Поле, или вкупно 57 погодоци имаа избраничките на Дибирова на овој натпревар.

zrk3

Сите победи на Вардар во есенскиот дел од сезоната: 

1 коло: Вардар – Гевгелија 45:9

2 коло: Овче Поле - Вардар 13:57

3 коло: Вардар – Куманово 52:25

4 коло: Деспина - Вардар 11:51

5 коло: Вардар – Пелистер 46:13

6 коло: Вардар – Вардар Јуниор 48:19

7 коло: Металург – Вардар 18:39

8 коло: Гевгелија – Вардар 12:48

9 коло: Вардар – Овче Поле 57:18

10 коло: Куманово – Вардар 15:42

11 коло: Вардар – Деспина 41:24

12 коло: Пелистер - Вардар 23:39

13 коло: Вардар Јуниор - Вардар 10:45

14 коло: Вардар – Металург 44:17.

zrk4

Вардар го има и најдобриот стрелец во супер-лигата, тоа е десното крило и репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска која успеа да постигне 147 голови.  Во ТОП-10 листа на најефикасни играчи во женската лига се наоѓаат уште две ракометарки на Вардар. Седмото место е за левото крило на Вардар, Јована Саздовска која има запишано 86 голови, додека нејзината соиграчка, Теодора Керамичиева е едно место подоле со 81 постигнат гол.

Бевме неприкосновени и во групната фаза од Лигата на Шампионите, каде во рамките на групата Ц завршивме на првото место на табелата, со максимален број на освоени бодови, односно на шест одиграни мечеви забележивме исто толку победи.

zrk2

1 коло: Вардар – ФТЦ Будимпешта 34:31

2 коло: Турингер - Вардар 21:29

3 коло: Ларвик - Вардар 19:31

4 коло: Вардар -Турингер 29:21

5 коло: ФТЦ – Вардар 28:29

6 коло: Вардар – Ларвик 30:27

Вардарки одиграа и четири натпревари во регионалната лига и тоа по два, на турнирите во Љубљана и Подгорица, каде исто така триумфиравме. На средината на месец јануари, спортскиот центар Јане Сандански ќе биде домаќин на третиот турнир во ова натпреварување.

Севкупно за оваа полусезона одигравме 24 натпревари на кои остваривме исто толку победи, се надеваме дека така ќе продолжиме и во новата 2018 година, каде Вардарки ќе атакуваат на четири трофеи.