Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар со висока победа го стартуваа силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград-2017“
Кадетките на Вардар со висока победа го стартуваа силниот меѓународен турнир  “Трофеј Белград-2017“

Кадетките на Вардар со висока победа го стартуваа силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград-2017“

Кадетската селекција на ЖРК Вардар, од денес па  до 29-ти декември ќе биде дел од силен меѓународен турнир во главниот град на нашиот северен сосед, Белград. Утрово тие веќе го одиграа деби дуелот на турнирот “Трофеј Белград-2017“. Во истиот се сретнаа со екипата на ЖРК Кока, во меч во кој бевме подобар противник, кадетките   предводи од  Драгана Пецевска дојдоа до победа со високи 24-15.

Нашите девојки поведоа на почетокот од првиот дел и постојано ја имаа предноста и иницијативата. Од минута во газевме сигурно па на половината од првиот дел имавме три плус. Во продолжение одигравме маестрално, на одмор заминавме со позитива од пет гола. На семафорот за време на паузата стоеше 12-7 во корист на црвено-црните кадетки.

Екипата на Кока се обидуваше во вториот дел да фати приклучок, но девојките на Пецевска и во вториот дел одиграа како и во текот на првиот дел со постојано зголемување на предноста како што одминуваше времето. На крајот триумфот беше изразен со дури деве гола позитива, ние победивме со 24-15. Кај нас прв стрелец во оваа прва победа во групата беше Стефанија Сoфтовска, таа погоди успешно шест пати, а Мирјана Петковска дополни четири гола. Тренерот на Ристова даде прилика на трите голмани кои беа одлични денес.  Грујовска бранеше 26мин, Трајковска 9мин и Станчевска 5мин, сите заедно имаа 14 успешни одбрани.

Вардар:  Трајковска (3 одб),  Грујовска (9одб), Миновска, Ѓорѓиовска 2, Насковска 1, Седлоска 2, Ѓорѓиовска 2, Станчева (2одб), Коларовска 1, Џатевска 2, Галевска 1, Сoфтовска 6, Костовиќ, Гроздановска 2, Петковска 4, Јаковчевска 2 и Арсовска 1.

Тренер: Драгана Пецевска