Кадетките на ракометниот клуб Вардар го одиграа и вториот натпревар на турнирот “Трофеј Белград 2017“, на кој исто така забележаа победа. После воведниот триумф против екипата на Кока, избраничките на Драгана Пецевска -Ристова славеа и во дуелот со тимот на Медицинар, минимално со резултат од 16:17.
Гледавме неизвесен натпревар, на кој црвено-црните во најголем дел од мечот имаа предност. По првото полувреме имавме исто така минимална предност од 8:9.
Во вториот дел противникот се одлепи во еден момент на три гола позитива. Сепак нашите девојки направија пресврт и дојдоа до победа која дава прилика да се бориме за место во 1/2-финалниот дел. Најефикасна на овој натпревар беше Андреа Седлоска која постигна 5 голови, додека Мирјана Петковска додаде 4. По два гола постигнаа Марија Галевска и Стефанија Софтовска, додека по еден беа дело на Ангела Гроздановска и Стефанија Ѓорѓиевска. Грујовска Симона го почна дуелот на голот, таа имаше успешни 5 одбрани, во вториот дел брљнеше Јована Трајковска која имаше три одбрани.
Утре ги продолжуваме настапите на турнирот, со последниот натпревар во групната фаза, против екипата на Вождовац, дуел кој започнува од 16:30 часот.