Есенскиот дел од дебитанската сезона во групата 1 од лигата, пионерките на ракометниот клуб Вардар го завршија на второто место на табелата. Оваа нова генерација на РК Вардар предводена од Анжела Платон одиграа шест натпревари, на кои забележаа три победи, еден нерешен резултат и два порази, доволно за втората позиција на табелата. Оваа екипа ја сочинуваат ракометарки кои се селектирани од настапите во “Јуниор“ лигата, во која се натпреваруват со своите школи. Со оглед дека се малку време заедно, може да се каже дека имаа одлична полусезона. Постигнаа вкупно 111 голови, додека примија 88 погодоци и можат да се пофалат со податокот дека со Куманово ја имаат најдобрата одбрана во групата 1 од пионерската лига.
Сите остварени резултати за пионерките, во есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Делчево 24:15
2 коло: Кожувчанка - Вардар 13:19
3 коло: Вардар – Металург 2 15:9
3 коло: Струма – Вардар 13:10
4 коло: Вардар – Велкова 5 14:14
5 коло: Вардар – Ѓорче 14:10
6 коло: Куманово – Вардар 14:12
Во есенскиот дел од сезоната најдобар стрелец во оваа генерација на Вардар е пикерот Мила Пешиќ, која потекнува од ракометната школа на Кастратовиќ. Таа оваа полусезона успеа да постигне 24 голови. Вака изгледа листата на стрелци кај пионерките на Вардар.
1. Мила Пешиќ 29
2. Ива Ангеловска и Бојана Коцева по 22
3. Борјана Коцева 13
4. Александра Колоска 9
5. Наталија Максимовска 4
6. Ања Јолакоска 3
7. Андреа Миланова, Бојана Радевска, Мила Крагељ, Ања Јолакоска по 2 голови.
Состав на пионерките на Вардар: Мила Пешиќ, Мила Крагељ, Александра Колоска , Леа Христоска, Борјана Коцева, Ања Јолакоска, Ива Ангеловска, Наталија Максимовска, Андреа Миланова, Бојана Радевска, Ана Мирческа, Бојана Коцева.
Куманово ќе “презими“ како лидер во оваа група од пионерската лига, веднаш зад нив е екипата на Вардар.
1. Куманово 18
2. Вардар 13
3. Делчево 12
4. Велкова 5 12
5. Струма 9
6. Ѓорче 8
7. Металург 2 6
8. Кожувчанка 1