Повеќе од десеттина години, Арпад Штербик настапува во Лигата на Шампионите. Во својата кариера, Штербик има настапувано за екипите на Веспрем, Судидад Реал, Барселона и моментално во Вардар. ЕХФ направи преглед на најдобрите потези на играчите кои подолго време се присутни на Европската сцена. Меѓу нив е и голманот на Вардар, Арпад Штербик кој остави значаен белег во освојување на Европската круна на црвено-црните, а со клубот освои уште четири други трофеи во 2017 година.
Во овој избор на ЕХФ се најдоа и голманите на Фленсбург, Киелце и Монпелје, Матијас Андерсон, Славомир Шмал и Тиери Омејер, потоа хрватот Игор Вори, словенецот, Урош Зорман, унгарецот Ласло Наѓ и други.