Ништо од нови играчи во 2017 година, истите ќе ги чекаме до стартот на подготовките и за време на подготовките во Анталија.
Имаше најави дека Вардар до крајот на оваа календарска година ќе донесе барем еден нов играч во својте редови, но до тоа дефинитивно нема да дојде. Се споменуваше србинот Немања Вучиќ но тој е далеку од Вардар бидејќи самиот играч изјави дека никој не го контактирал од црвено – црните. Опција беше и Тошевски но и од тоа ништо.
По се изгледа стручниот штаб на Вардар работи без брзање, не се исклучува можноста токму во Анталија да дојдат неколку потенцијални засилувања кои би поминале тест период и доколку задоволат потоа би се потпишале договори.