Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Борозан и Радичевиќ се најдобрите ракометни играчи во Црна Гора, за 2017 година
Борозан и Радичевиќ се најдобрите ракометни играчи во Црна Гора, за 2017 година

Борозан и Радичевиќ се најдобрите ракометни играчи во Црна Гора, за 2017 година

Ракометната федерација на Црна Гора ги прогласи Вуко Борозан и Јованка Радичевиќ, за најдобар ракометар, односно ракометарка во оваа земја. Тие се најдобрите ракометни играчи според изборот кои играат во странство.

Неодамна Борозан доби посебно признание, кога беше избран за најдобар спортист на Црна Гора во 2017 година, а ова е само уште една награда за добрата година која ја имаше со екипата на Вардар, со која успеа да ја освои Лигата на Шампионите. Покрај тоа освои уште четири трофеи и тоа во првенството и купот на Македонија, СЕХА-лигата, како и првиот супер куп на Македонија.

Јованка Радичевиќ со Вардар стана вицешампион на Европа, ги освои со клубот домашните трофеи, како и регионалната лига. На неодамна завршеното светско првенство, Јока со Црна Гора стигна до четвртфиналето, каде беше елиминирана од Франција, која подоцна стана светски шампион. Радичевиќ заедно со Булатовиќ беа најдобри стрелци на Црна Гора на споменатиот мундијал.