Единствениот бразилец кој успеал да ја освои ракометната Лига на Шампиони е Рожерио Мораес Фереира, кој успеа со екипата на Вардар да стане Европски шампион. Тој ја честиташе новата 2018 година на сите негови пријатели и следбеници и им посака се најдобро. Пикерот на црвено-црните со неколку фотографии кои му останале во најдлабоко сеќавање ја честиташе новата година, а во изборот доминираа токму фотографиите од трофеите со Вардар, кои успеа да ги освои во изминатата година.