Уште еден млад играч кој не беше добар за Вардар направи голем трансфер. Младииот Дин Аломеровиќ кој беше дел од Вардар во минатото направи голем трансфер во редовите на шпанскиот тим Селта Виго.
Аломеровиќ во Вардар дојде во сезоната 2014-15 од тимот на Македонија ЃП тогаш заедно со сегашниот играч на Вардар Петар Петковски. Дин најпрвин играше за младинците на ФК Вардар, беше најдобар стрелец со 10 голoви во текотвната сезона и доби повик да патува со првиот тим на тогашните летни подготовки во Австрија. Под команда на тогашниот тренер на Вардар Андреев, играчот добиваше мала минутажа и немаше простор да го искаже својот голем талент.
Откако Андреев ја утна и со овој играч кој го праќаше на позајмици, Аломеровиќ си замина од редовите на Вардар. По извесно време неговиот талент го препознаа од Шпанија, најпрвин овој играч настапуваше за шпанскиот третолигаш Фуанлебрада, а сега ќе настапува за тимот на Селта Б и доколку се докаже ќе добие секако и шанса во првиот тим.
Овој трансфер го потврди и новиот клуб на играчот.