Играчите на Веспрем го избираат својот дрим тим од соништата, ред да го направи овој избор дојде и на Дејан Манасков кој е репрезентативец на Македонија и поранешен играч токму на Вардар . Во неговиот дрим се најдоа и двајца играчи од Европскиот шампион. Се работи за Арпад Штербик, кој според Манасков е најдобар голман кој го знае и интересно на позицијата лево крило се наоѓа, неговиот соиграч од пред две години и конкурент на таа позиција, Тимур Дибиров.
Вака изгледа тимот од сонишатата на Дејан Манасков:
Голман- Арпад Штербик
Десно крило – Патрик Грецки
Десен бек – Ласло Наѓ
Среден бек – Ивано Балиќ
Лев бек – Момир Илиќ
Лево крило - Тимур Дибиров
Пикер – Хендрик Пекелер.