Полека ги одбројуваме деновите до главниот натпревар во рамките на Лигата на Шампионите, против екипата на Апоел од Кипар. Црвено-црните беа на двонеделни подготовки во Австрија, каде имаа можност да одиграат квалитетни натпревари со силни противници. Најновото засилување за Вардар и освежување во средниот ред, младиот Бобан Николов ги сподели впечатоците од припремите и очекувањата за дуелот со Апоел.
-Подготовките поминаа прилично добро, нормално и тешки. Можевме да постигнеме и подобри резултати, но сепак клубот има многу нови играчи, на кои им е потребно време да се воиграат.
Николов летово го засили клубот, откако дојде од Романското првенство, од екипата на Виторул Констанца.
Задоволен сум многу од целата екипа и пред се од односот на играчите и стручниот штаб, кои добро ме прифатија и ми помогнаа што побрзо да се вклопам во тимот.
Вардарци од вчера почнаа да тренираат во Скопје, на недела дена до првиот натпревар во Кипар.
-Не очекува тежок натпревар. Сепак ние сме максимално мотивирани и сите со нетрпение го очекуваме овој меч. Ќе дадеме се од себе да одиме понатаму, изјави Николов за Вардарфанс.
Звонко Ивановски