Младинската женска ракометна репрезентација до 19 години продолжува со подготовките за Европското првенство кое од 23 јули-2 август ќе се одигра во Шпанија. Откако одигравме два контролни натпревари со селецијата на Бугарија во Габрово и на двете забележавме победи, нашата селекција ќе ги има последните тест дуели за проверка на формата и подготвеноста на екипата.
Селекцијата на Србија во наредните два дена ќе биде противник на избраничките на Симе Симовски, во малата сала во С.Ц. Јане Сандански. Првиот натпревар на програмата е денес со почеток од 17:30, а вториот во четврток кој ќе започне од 19:30 часот. Србинките исто така обезбедија пласман на Европското првенство во Шпанија. Очекуваме добра игра и резултати од овие два дуела, како добра увертира пред патувањето за Валенсија.