Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бобан Николов за Вардарфанс: Максимално сме мотивирани за мечот со Апоел и ќе дадеме се од себе да поминеме понатаму
Бобан Николов за Вардарфанс: Максимално сме мотивирани за мечот со Апоел и ќе дадеме се од себе да поминеме понатаму

Бобан Николов за Вардарфанс: Максимално сме мотивирани за мечот со Апоел и ќе дадеме се од себе да поминеме понатаму

Полека ги одбројуваме деновите до главниот натпревар во рамките на Лигата на Шампионите, против екипата на Апоел од Кипар. Црвено-црните беа на двонеделни подготовки во Австрија, каде имаа можност да одиграат квалитетни натпревари со силни противници. Најновото засилување за Вардар и освежување во средниот ред, младиот Бобан Николов ги сподели впечатоците од припремите и очекувањата за дуелот со Апоел.

-Подготовките поминаа прилично добро, нормално и тешки. Можевме да постигнеме и подобри резултати, но сепак клубот има многу нови играчи, на кои им е потребно време да се воиграат.

Николов летово го засили клубот, откако дојде од Романското првенство, од екипата на  Виторул Констанца.

Задоволен сум многу од целата екипа и пред се од односот на играчите и стручниот штаб,  кои добро ме прифатија и ми помогнаа што побрзо да се вклопам во тимот.

Вардарци од вчера почнаа да тренираат во Скопје, на недела дена до првиот натпревар во Кипар.

-Не очекува тежок натпревар. Сепак ние сме максимално мотивирани и сите со нетрпение го очекуваме овој меч. Ќе дадеме се од себе да одиме понатаму, изјави Николов за Вардарфанс.

Звонко Ивановски