Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Виктор Пешевски: Не би биле најдобрата генерација последниве три години, ако не веруваме во своите можности и калитети
Виктор Пешевски: Не би биле најдобрата генерација последниве три години, ако не веруваме во своите можности и калитети

Виктор Пешевски: Не би биле најдобрата генерација последниве три години, ако не веруваме во своите можности и калитети

Период кога постои пауза во првенството на младинските фудбалски категории, пред стартот на подготвките за пролетниот дел од сезоната. Кадетите на Вардар го финишираа есенскиот дел од сезоната на второто место, со четири бода помалку од лидерот, екипата на Шкендија. Момците на Влатко Колев на 14 одиграни натпревари стигнаа до девет победи, три нерешени резултати и два порази, доволни да бидат вицешампиони во кадетската лига во првиот дел од сезоната. Како помина есенскиот дел можете да прочитате од интервјуто со капитенот на оваа генерација, се работи за Виктор Пешевски кој повеќе од пет години е дел од фудбалскиот клуб Вардар.

-Првиот круг од натпреварувањето го оценувам како солиден, но можеше да биде уште подобро. Со оглед дека загубивме бодови во градското дерби против екипата на Работнички и тоа на двата натпревари, на кои еднаш противникот не победи и еднаш одигравме со нерешен резултат, на другите мечеви во есенскиот дел забележувавме победи, иако некои беа и на тешки гостувања, каде тешко е да се освојат бодовите. Тука се и натпреварите на гостински терен, против екипата на Шкупи кој го загубивме, генерација која минатата сезона беше шампион во пионерската лига, како и нерешените резултати против Победа и Шкендија и двата на теренот на противникот. Успешно се вративме после елиминацијата од купот на Македонија и на последните седум натревари, нашата екипа имаше шест победи и само еден нерешен резултат. 

1107

Пешевски имаше можност да учи од едни од најдобрите тренери, кои моментално работат во младинските екипи на ФК Вардар. Секако секој со своја филозофија на фудбалската игра, но играчот на кадетите вели дека многу научи од Сашо Тодоровски и Влатко Колев.

-Двајцата тренери си ја знааат својата работата и секогаш се желни за победа. Тоа се луѓе со различни карактери и размислувања околу фудбалската игра, кои максимално се трудат да го извлечат најдоброто од екипата и се стремат да бидат на врвот во категоријата, во која се натпреваруваме. Многу научив од Тодоровски и од Колев и тие секогаш ќе останат во моето сеќавање, како тренери кои оставиле значаен белег во мојата играчка кариера, настапувајќи за младинските екипи на Вардар.

text-vardarfans1

Во новата сезона, Виктор го гледаме во поинаква улога на теренот и тоа како централен дефанзивец, иако во претодните сезони играше како деструктивец под водство на тренерот Тодоровски.

-Добро се снаоѓам со новата улога на позиција стопер, иако според мене мислам дека подобро би можел да изиграм на позицијата диструктивец, ама не ми претставува проблем да играм на било кој дел на теренот. Свесен сум дека и во која екипа друга да играм и под водство на било кој тренер, дека ќе морам професионално да одговорам на поставените задачи и максимално да се трудам да го извадам најдоброто од себе. Само така се оправдува довербата кај тренерот, кој сериозно ќе смета на твоите услуги во текот на натпреварувачката сезона. 

Претходните три години оваа генерација освои дури три куп трофеи и еднаш беше шампион на пионерската лига. Иако имаме четири бода негатива, Пешевски верува во својата екипа дека има квалитет на крајот да го подигне трофејот од лигата.

vardarfans-pioneri

-Не би биле најдобрата генерација последниве три години, ако не веруваме во своите можности и калитети. Секако дека можеме да ги надополниме тие четири бода негатива од Шкендија  и да се избориме за првото место на крајот од сезоната. Оваа сезона имаме различен систем на натпреварување со многу повеќе натпревари, па онаа екипа која највеќе ќе покаже и ќе биде кадетски шампион на Македонија. Се надевам дека тоа ќе бидеме ние и ќе продолжиме во пролетниот дел, како и што го завршивме есенскиот дел. Ни останува максимално да се сконцетрираме на настапите во првенството, а овој зимски период да ги согледаме грешките кои ги правевме во првиот дел од сезоната и да се обидеме да ги поправиме. Само така ќе имаме шанси да бидеме рамноправни во борбата за титулата. Не сме само ние и Шкендија претеденти, има тука уште неколку екипи, кои не се откажуваат од борбата за највисок пласман.

Звонко Ивановски