Македонската селекција предводена од Раул Гонзалес, вечерва го игра вториот и последен контролен натпревар, пред почетокот на ЕП. Гостуваме на Србија овој дуел се игра во 18-00 часот. Пренос од истиот ќе врши ТВ Телма. Од тројцата кои беа во почетниот состав пред подготовките остана само Мијајло Марсениќ, кој првпат во кариерата игра против Гонзалес, тој за тоа вели:
Се радувам на дуелот со Македонија. Ќе биде прв пат да играм против Раул Гонзалес. Ги познавам сите македонски играчи, се работи за сериозна репрезентација, која има големи шанси, да биде едно од изненадувањата на Европското првенство. Се надевам ќе биде добар меч, ќе видиме до кај сме и што сме- вели Марсениќ.