Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Илија Димов: “Јуниор лигата“ ја гледам како успешен проект, натпреварување каде можеме да се докажуваме пред стручните лица во РК Вардар
Илија Димов: “Јуниор лигата“ ја гледам како успешен проект, натпреварување каде можеме да се докажуваме пред стручните лица во РК Вардар

Илија Димов: “Јуниор лигата“ ја гледам како успешен проект, натпреварување каде можеме да се докажуваме пред стручните лица во РК Вардар

Третата сезона на ракометната “Јуниор лига“ донесе нови возбудувања, интересни и неизвесни натпревари. И оваа сезона ќе ги дознаеме шампионите во сите возрасни генерации, а сигурни сме дека завршните турнири ќе донесат квалитетен ракомет и неизвесност околу новите шампиони во “Јуниор“ лигата. Илија Димов од ракометната школа, Бисинов од Велес ја игра својата трета сезона во оваа лига, проект на ракометниот клуб Вардар кој се повеќе наидува на позитивни реакции и пофалби за неговата организација. Илија решава да ги следи стапките на неговиот постар брат, кој моментално е дел од втората екипа на РК Вардар, која се натпреварува во најсилната супер лига.

-Тренирам активно веќе девет години, а желбата за овој спорт ја добив од мојот брат Мартин Димов кој сега настапува во Вардар Јуниор. Го следев секој негов тренинг, сите негови натпревари и така се решив и јас да се обидам. Моите први почетоци со ракометот беа под водство на тренерот Никола Бисинов и Стојан Димов.

26637809_965717383576956_1797673298_n

Илија вели дека “Јуниор“ лигата е одличен проект, шанса за сите млади ракометари да ги покажат и истакнат своите знаења и квалитети, преку мечевите од ова натпреварување.

-Дел сум од “Јуниор лигата“ во сите три сезони, како дел од РК Бисинов од Велес. Највпечатливо е тоа што можеме да се дружиме со деца од повеќе градови, а воедно и да се докажуваме пред официјалните лица на клубот Вардар и затоа “Јуниор лигата“ ја гледам како успешен проект. Континуираното одигрување на натпревари во лигата ни дава можност да напредуваме и постојано да учиме нови правила во ракометот. Проект кој е за поздравување, кој се надевам дека во следните години уште повеќе ќе се прошири и во “Јуниор“ лигата ќе гледаме уште повеќе школи кои ќе се напреваруваат во различни возрасни генерации.

Бииснов е една од најдобрите ракометни школи која се натпреварува во лигата. Само за потсетување генерацијата родени 2004/05 година во првата сезона го освои првото место, додека минатата сезона заврши на второто место.

22789212_929439123871449_1663098346383564988_n

-Школата функционира одлично тренираме пет пати неделно. Првиот дел од сезоната го завршивме одлично, иако две утакмици ни беа одложени издвојувавме една победа и еден нерешен резултат. Задоволен сум од прикажаните резултати на мојот тим. Нашиот тренер, Никола Бисинов максимално се труди на секој тренинг и натпревар да го извлече најдоброто од нас, ние секако се обидуваме да ја возвратиме довербата и да победуваме. 

Од големо значење е искуството на неговиот брат кој игра за Вардар Јуниор и неговиот татко, кој работи како тренер во школата, каде Илија игра ракомет.

-Со Мартин се гледаме најчесто преку викенд и често зборуваме за ракомет. Јас одам на скоро секоја негова утакмица, а и тој исто така. Ми помага и ми укажува на моите грешки за да не ги повторувам. Во нашето семејство нема многу спортисти, освен мене и брат ми и татко ми кој е тренер во нашата школа, истакна Илија на крајот од интервјуто.

Звонко Ивановски