Вардарецот, ракометарот на европскиот првак, хрватот Лука Циндриќ е најдобар играч во Европа за 2017 година, според изборот на ЕХФ. Eвропската куќа на ракометот можноста за одлучување им го остави на фановите на ракометната игра. Лука Циндриќ беше еден од најдобрите играчи и најзаслужните за освојување на шампионската титула во ЛШ. Тој освои 6.731 гласови (од 14.465) со што заслужено го добива ова признание за 2017.
Лука со тесна разлика го победи Мате Лекаи, унгарскиот репрезентативец кој настапува за Веспрем. Во овој избор беше и голманот на Вардар, Арпад Штербик, кој заврши на третата позиција.