Денес завршува краткиот зимски одморот за момците од ФК Вардар. Ова зима тој беше далеку помал од вообичајно бидејќи тимот на распуст замина последне во земјава поради густиот распоред. Црвено-црните момци во првиот дел од сезоната одигра дури 33 натпревари, на три различни фронта.
Фудбалерите утре, во понеделник го имаат собирот и ќе ги минат лекарски прегледи, ден потоа, во вторник и официјално ќе биде означен стартот со првиот тренинг. Според однапред определениот план, момците ќе бидат во Скопје до 16. јануари, а тогаш заминуваат на подготовки во Анталија, Турција каде ќе одат шеста година по ред. Екипата ќе биде сместена во хотелот „Каја Палацо” во Белек, каде што беше и во ланската година. Распоредот на мечеви веќе е познат, ќе одиграма најмалку шест контролки, истите може да ги погледнете ОВДЕ!