Monday ,26 September 2022
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ: ЦИНДРИЌ НАЈДОБАР РАКОМЕТАР ВО ЕВРОПА ЗА 2017
ЕХФ: ЦИНДРИЌ НАЈДОБАР РАКОМЕТАР ВО ЕВРОПА ЗА 2017

ЕХФ: ЦИНДРИЌ НАЈДОБАР РАКОМЕТАР ВО ЕВРОПА ЗА 2017

Вардарецот, ракометарот на европскиот првак, хрватот Лука Циндриќ  е најдобар играч во Европа за 2017 година, според изборот на ЕХФ. Eвропската куќа на ракометот  можноста за  одлучување им го остави на фановите на ракометната игра. Лука Циндриќ беше еден од  најдобрите играчи и најзаслужните за освојување на шампионската титула  во ЛШ. Тој  освои 6.731 гласови (од  14.465)  со што  заслужено го добива ова признание за 2017.

luka

Лука со  тесна разлика го победи Мате Лекаи, унгарскиот репрезентативец кој настапува за Веспрем. Во овој избор беше и голманот на  Вардар, Арпад Штербик, кој  заврши на третата позиција.