Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан најверојатно го пропушта ЕП во Хрватска
Борозан најверојатно го пропушта ЕП во Хрватска

Борозан најверојатно го пропушта ЕП во Хрватска

Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан и дефинитивно ќе го пропушти настапот за својата репрезентација, на Европското првенство во Хрватска, кое стартува во петок. Според порталот во неговата родна земја, “Репрезентација.ме“, Вуко нема да биде подготовен да и помогне на својата селекција.

Во сообраќајна незгода, Борозан го повреди бутниот мускул, иако се веруваше дека може да се опорави, тоа најверојатно нема да се случи, па “бомбардерот“ на Вардар ќе остане без ЕП. Црнагорските медиуми истакнуваат дека без Борозан, шансите на нивната репрезентација да ја помине групната фаза сега се сведени на миниум, но дека радува играта на контролниот натпревар против Хрватска. Црна Гора е во група со репрезентациите на Македонија, Словенија и Германија.