ФК Вардар денеска и официјално го доби првото зимско засилување. Младиот и талентиран играч кој доаѓа од Пелистер, Јован Поп Златанов го облекува дресот на Вардар.
Поп Златанов денеска потпиша договор со црвено – црните. По него, Вардар ќе претстави и уште еден играч од Пелистер, како што најавивме и Матеј Цветановски е договорен и ќе биде ново засилување на Вардар.
Покрај овие двајца во црвено – црното јато во скоро време се очекува да пристигне и Јаго.
Добредојде во Вардар за Јован Поп Златанов!