Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Олег Трифуновски: Фудбалот за мене претставува предизвик и секој натпревар за мене е ново искуство
Олег Трифуновски: Фудбалот за мене претставува предизвик и секој натпревар за мене е ново искуство

Олег Трифуновски: Фудбалот за мене претставува предизвик и секој натпревар за мене е ново искуство

Олег Трифуновски ја игра својата втора сезона во фудбалскиот клуб Вардар, настапувајќи за генерацијата родени “2006“ година. Минатата сезона започнува се решава да започне да тренира на Академијата, најпрво во групата на рекреативци во Вардар, а неговиот талент набргу го препознаваат стручните лица во младинските категории на клубот и се решаваат да му дадат шанса да биде дел од натпреварите на Вардар во детската лига. Минатата сезона, вардаровата генерација “2006“ го освои второто место во детската лига, а Олег Трифуновски успеа да постигне вкупно 11 голови. Во следново интервју ве запознаваме токму со Олег Трифуновски.

1. Зошто го избра фудбалот пред каратето, како спорт со кој сакаш да се занимаваш во иднина ?

-Јас и во каратето имав успеси,но секое изведување на катата или влегување во борба победата и поразот зависеа од мене. Додека во фудбалот победата зависи од сите нас како играчи и радоста е поголема кога ја споделуваме меѓусебно. Фудбалот стана моја најголема љубов и секојдневна преокупација.

2. Во која школа беа вашите први фудбалски почетоци и кој ве научи на првите правила во овој спорт ?

-Моето прво запознавање беше во фудбалската школа ФК Фамос во која почнав активно да тренирам.Мојот прв тренер беше Оливер Младеновски кој е заслужен за мојата љубов кон фудбалот.Тој ми овозможи да навлезам во тајните на фудбалската игра.

vardarfans-gener-2006

3. Како се случи да дојдеш да тренираш во Вардар и дали овој клуб беше твоја желба ?

-Уште како играч на ФК Фамос имавме натпревари со екипата на Вардар,начинот на игра и техника кои ги забележав кај децата и мојата желба за поголеми фудбалски успеси беше главната иницијатива да се запишам на академијата. Вардар беше моја желба во која ме подржаа моите родители.

4. Со оглед дека започна да тренираш во групата на рекреативци, подоцна доби шанса да си дел од натпреварите на Вардар во детската лига ?

-Мој прв тренер во Вардар беше Томче Трајановски,кој после неколку тренинзи го забележа мојот талент.Еден ден после тренингот го повика татко ми и ни соопшти да преминам од рекреативци да играм за Вардар во детската лига. Јас бев пресреќен што ја добив таа шанса и сум му бескрајно благодарен на тренерот Томче од кого имав целосна поддршка во идните натпревари.

vardarfans-vtoro-mesto

5. Минатата сезона настапувавте за генерацијата “2006“ и тоа почесто за Вардар (2) под водство на тренерот Филип Арсовски. По што ќе го паметите тренерот Арсовски ?

-Да,минатата сезона имав можност да играм за Вардар (2) и неколку натпревари за Вардар(1). Минатата сезона како што кажавте тренер ми беше Филип Арсовски.Тој ќе го паметам како тренер кој пред се ни беше другар и кој ме научи да играм со срце.Секој негов тренинг јас бев побогат со фудбалско искуство. Бескрајно сум му благодарен за тоа што го научив од него.

6. Оваа сезона настапувате за Вардар (1) и со нов тренер во името на Сашо Јанев. Дали има напредок во играта во вашата генерација, по неговото превземање на вардаровата генерација родени “2006“ година.

3106

-Оваа сезона играм за Вардар 1 под водство на тренерот Сашо Јанев.Оваа сезона има напредок кај нашата генерација бидејќи тренерот Јанев несебично ни ги предава фудбалските техники. Секој негов тренинг е интересен од кој што многу учиме.

7. Станавте есенски шампиони со вашата екипа, какви се впечатоците од одиграната полусезона со Вардар (1).

-Ние сме задоволни од прикажаната игра и постигнатите резултати,оваа сезона сме есенски шампиони кои како екипаа ги постигнавме со напорни тренинзи и работа. Но секогаш може подобро,мојата екипа Вардар 1 оди понатака и сите ние како тим се вложуваме.

8. Кој е вашиот синоним кога ќе слушнете за името Вардар ?

-Да се биде дел од ФК Вардар е желба на секое дете кое што го сака фудбалот. Јас сум горд што ја добив шансата да бидам дел од најдобриот клуб во Македонија, за кој што сум слушнал и слушам само успеси.

vardarfans-oleg

9. Дали често гледаш фудбал и кои се твоите идоли ?

-Фудбалот за мене претставува предизвик и секој натпревар за мене претставува ново искуство. Секогаш кога сум во можност одам на стадион да проследам фудбалски натпревар во живо, а кога не тоа го правам дома на ТВ. Мои идоли на чија игра се воодушевувам се: Дејан Блажевски и Андреј Иниеста.

10. Дали имате зацртани цели кои сакате да ги исполните во иднина ?

-Фудбалот е мојот живот.Од првиот ден кога влегов во фудбалскиот терен се трудам да дадам се од себе за успесите на мојот клуб и мојата генерација. За да будам успешен треба многу да вежбам и да совладувам добра техника и брзина. Јас верувам во себе и во моите другари од вардаровата генерација. Фудбалот не е индивидуален спорт како каратето и секој од нас ќе биде успешен доколку ја има подршката од тимот. За мене најважна е тимската работа и мојот успех е успех и на моите другари и на тренерот Јанев. Јас во иднина се гледам како фудбалер кој игра во некој од големите светски клубови како што е Барселона, но за тоа треба многу да вежбам и тренирам напорно и секојдневно, Вардар е мојот живот мојата љубов.

Звонко Ивановски