Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Хрватска ја победи Србија на првиот ден на ЕП, вардаровите играчи постигнаа вкупно девет голови на овој дуел
Хрватска ја победи Србија на првиот ден на ЕП, вардаровите играчи постигнаа вкупно девет голови на овој дуел

Хрватска ја победи Србија на првиот ден на ЕП, вардаровите играчи постигнаа вкупно девет голови на овој дуел

Хрватска ја победи Србија на првиот натпреварувачки ден на Европското првенство. Хрватска ја оправда фаворитската улога и ги запиша првите бодови.

Натпреварот со гол го отвори играчот на Вардар, Иван Чупиќ кој погоди од ударот од седум метри за почетно водство од 1:0. Зголеми Хрватска на 2:0, но Србија успева да постигне два гола во серија и да го израмни резултатот на 2:2. Прв гол на мечот постигнува и Лука Циндриќ за нова предност на домашната репрезентација. Србија немаше расположен голман, кој во текот на целото прво полувреме имаше само една единствена одбрана, што го отсликува и резултатот по истекот на првите 30 минути. Дури во 12 минута Цупара ја имаше првата интервенција и на таа остана до крајот на првото полувреме. Затоа Хрватска го имаше расположениот играч на Вардар, Циндриќ кој за прв пат на мечот и донесе водство на својата селекција од највисоки три гола (6:3). Србија пружаше силен отпор се до 25 минута кога и успева да стигне до само еден гол негатива, кога погоди поранешен играч на Вардар, Марковиќ за резултат 10:9. Во тие моменти Лино Червар повика тајмаут, што се покажа како добар потег со оглед дека до крајот на првиот дел, Хрватска направи серија од 4:0 и успева на одмор да замине со солидна предност од 14:9.

Второто полувреме започна идентично како и првото со гол на Чупиќ и тоа повторно од истото место. за веќе предност од 15:9. Играчите на Вардар демонстрираат одлична игра и со четвртиот гол на Циндриќ од исто толку обиди се враќа позитивата од шест голови разлика. Прв гол во дресот на Хрватска на ЕП и за Игор Карачиќ, кој добива шанса да игра во нападот.  И во следните десет минути, избраниците на Червар одржуваа предност која се движеше од 5-6 голови разлика. Понесени од домашната публика, Штрлек им го носи највисокото водство од 25:18 во 50 минута од мечот. Голманите на Србија беа непрознатливи и може да се каже најслаба точка на нивната селекција на овој дуел. За цели 55 минути тие имаа само три одбрани, што е малку за еден ваков натпревар на ЕП. Во листата на стрелци кај Србија успеа да се запише и пикерот на Вардар, Мијајло Марсениќ кој го намали резултататот на 29:22. На крајот конечниот резултат гласеше 32:22.

Од играчите на Вардар, Циндриќ постигна четири голови, додека по два беа дело на Карачиќ и Чупиќ. Кај Србија Марсениќ беше стрелец на еден гол