Зимскиот турнир на Вардар „Еден живот, една љубов” месецов се одржува по четврти пат од формирањето на Ракометната академија Вардар. После три одлични турнира, се враќаме со ново издание и нови таленти, кои годинава ќе се натпреваруваат во старосните категории 2002/03, 2004/05, 2006/07 и деца родени 2008 и помали.
Утре истиот го има својот прв натпреварувачки ден. Според распоредот натпреварите за момчињата и девојките од 2004/05 годиште ќе се одржат на 16 (утре) и 17 јануари (среда), и тоа годинава за првпат играме во сала во населба Илинден во Скопје. Односно, во СЦ Кале ќе ги видиме машките екипи, а девојките ќе се натпреваруваат во салата на СЦ „Гоце Делчев” во Илинден.
* Билтен со распоред за натпреварите во категоријата 2004/2005 машки: turnir_2018_2004_05_mashki.docx
* Билтен со распоред за натпреварите во категоријата 2004/2005 женски: turnir_2018_2004_05_zheni.docx