“Вардар Фанс” се обидуваше да најде некој информации за Аргентинецот кој е дојден на проба кај шампионот.
За Лукас Оједа дефинитивно нема премногу информации ниту пак некој видео материјал, за офанзивниот играч може да се најде нешто само до 2015 година, потоа нема никакви информации дека играл фудбал и каде играл.
Оједа во 2015 настапувал за нисколигашот Клуб Депортиво Еспањол каде одиграл само шест натпревари и постигнал еден гол. Значи, од 2015 па до ден денес нема никакви информации каде играл Оједа.
За каков Аргентинец станува збор најубаво ќе дознаеме од првиот контролен меч во Анталија кој ќе биде одигран в сабота против тимот на Пахтакор.