Вардаровата експедиција во недела ќе тргне за Кипар, каде во вторник со почеток од 19 часот ќе го одигра првиот натпревар од Лигата на шампионите, против екипата на Апоел. Ова е одлично решение да се пристигне во Никозија два дена порано, со цел да се аклиматизираат на новата средина и климатските услови во оваа земја. Екипата треба да пристигне во недела попладне кога и ќе го одржи првиот тренинг, кој ќе биде од полесен карактер. Во понеделник се планирани два тренинзи, од кои еден ќе биде на теренот каде во вторник ќе се одигра натпреварот помеѓу Апоел и нашиот шампион.
Очекуваме црвено-црните да се престават во добро издание, со оглед дека имавме добри подготовки во Австрија одигрувајќи неколку пријателски натпревари. За вчера беше предвиден контролен дуел со екипата на Нови Пазар од Србија, но до тоа не дојде бидејќи двата клуба не се договорија. Така Вардар остане без последна контрола на својата форма, пред мечот со Апоел во ЛШ.