Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Продолжува серијата на победи за женската младинска репрезентација
Продолжува серијата на победи за женската младинска репрезентација

Продолжува серијата на победи за женската младинска репрезентација

Девојките на селекторот Симе Симовски продолжуваат да не воодушевуваат со добри игри и резултати пред Европското првенство во Шпанија. После трите победи на квалификацискиот турнир кој се играше во С.Р.Ц. Кале и победите против Исланд, Холандија и Црна Гора, со кој обезбедија пласман на едно големо натпреварување, серијата на победи продолжи и на подготовките. Беа забележани два триумфи против Бугарија во Габрово. По враќањето во Скопје се продолжи со припреми и со два нови контролни мечеви, овој пат против селкецијата на Србија. Првиот веќе вчера се одигра и заврши со убедлива победа на нашите младинки, со резултат 32:19.

Речиси во текот на целиот натпревар имавме постојано водство кое во вториот дел се повеќе се зголемуваше. На полувреме се замина со резултат 12:10 за Македонската репрезентација. Во второто полувеме, Србинките немаа никаква шанса да се спротистават на нашите девојки. Со една агресивна одбрана која ја наметна тренерот, а ја спроведуваа играчие на теренот и разновидноста во нападот постигнувајќи погодоци од различни позиции, младинките на крајот сосема убедливо триумфираа. Оваа висока победа против селекција која исто така ќе биде учесник на ЕП, говори за одличната форма на екипата во која се наоѓа и за добрите припреми кои ги спроведува селекторот.

Најефикасна на вчерашниот меч беше капитенот Сара Ристовска со девет голови. Од нашите “Вардарки“ кои ги има вкупно 10 во овој состав, членот на првиот тим Симона Стојановска постигна седум гола. Теодора Керамитчиева и Ангела Тодоровска кои доаѓаат од вториот тим на Вардар, додадоа по пет погодоци. Веќе денес го играме и вториот натпревар со истиов противник, кој веќе е во тек.

Фото: Спортмедиа мк.