Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во стил на голема екипа: ВАРДАР ВО КИПАР СО ГОТВАЧ И КОНТРОЛОР НА ХРАНА
Во стил на голема екипа: ВАРДАР ВО КИПАР СО ГОТВАЧ И КОНТРОЛОР НА ХРАНА

Во стил на голема екипа: ВАРДАР ВО КИПАР СО ГОТВАЧ И КОНТРОЛОР НА ХРАНА

Во стилот на една голема екипа, нашиот шампион нема ништо да остави на случајноста, со себе на Кипар ќе понесе и свој готвач, и контролор на храната.
Од клубот на својата официјална страна напишаa:

Вардар во последно време го следи трендот на големите европски клубови. Нашиот тим на патувањето во Никозија покрај целокупната експедиција која ќе се грижи играчите безбедно да стигнат на Кипар, да бидат сместени во градот и да ги имаат сите потребни услови за добра подготовка за натпреварот со АПОЕЛ, со себе носат и свој готвач, како и контролор на храната кои ќе имаат увид во тоа што играчите конзумираат. Сето тоа покажува колку професионално од нашата екипа се посветуваат на престојните два натпревари во рамките од Лигата на шампионите. 

„На Кипар ќе се врши превентивна заштита од храната и пијалоците кои ќе ги конзумираат за време на престојот во Никозија. Заминувам јас како контролор на храна, и со нас оди и еден готвач. Во секое време ќе имаме контрола на тоа што се готви и потоа изнесува од кујната и што ќе им се сервира на фудбалерите за време на оброците. Целта е да ги заштитиме играчите и сите од Фудбалскиот клуб Вардар од несакани труеања, стомачни вируси и слично. Исто така од докторите ќе добиеме и видови на храна кои играчите ќе треба да ја конзумираат за време на престојот во Никозија, а се со цел играчите мечот да го дочекаат во добра кондиција. Сега во текот на летните и топли денови е зголемено присуството на лоша и расипана храна, и ние ќе бидеме задолжени да внимаваме на тие детали, односно таквиот вид на храна да не дојде до играчите“,  изјави Ѓорѓи Костовски, кој е инспектор на храна и пијалоци во моментов вработен во хотел „Русија“.