Доза на страв и несигурност владее овие денови кај навивачите на Вардар по низата заминувања од клубот. По неколку лоши вести доаѓа и една добра, Фелипе и дефинитивно се враќа во Вардар за време на овој викенд, односно в недела.
Фелипе добил многу поголем одмор од останатите фудбалери како награда за сите одиграни дуели на својот тим изминатава есен. Нашиот најдобар фудбалер ќе го пропушти првиот пријателски дуел во Анталија, а потоа му се става во целосно располагање на тренерот Јаневски.