Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Виктор Крстевски: Очекувања за пролетниот дел од сезоната се пласман на завршниот турнир и освојување на младинската лига
Виктор Крстевски: Очекувања за пролетниот дел од сезоната се пласман на завршниот турнир и освојување на младинската лига

Виктор Крстевски: Очекувања за пролетниот дел од сезоната се пласман на завршниот турнир и освојување на младинската лига

Виктор Крстевски ја игра втората сезона во младинскиот состав на ракометниот клуб Вардар, откако дојде преку настапите од “Јуниор“ лигата, каде настапуваше за РК Илинден. Крстевски кој игра на позицијата лево крило беше препознаен од стручните лица во Вардар како квалитетен играч, кој минатата сезона ја помина како дел од младинците на Вардар Јуниор кои ги предводи Пепи Манасков, додека оваа сезона е прекомандуван во другата младинска екипа на клубот, чии тренери се Грчевски и Чивлачки.

-Причината поради која што преминав од екипата на Манасков во екипата на Чивлачки и Грчевски е замена на играчи од едната во другата младинска екипа.

Младинците на РК Вардар го финишираа есенскиот дел од сезоната на првото место во својата група, во која забележаа шест победи и еден нерешен резултат.

-Есенскиот дел од сезоната можам да го наречам и повеќе од успешен. Јас лично сум горд на резултатот кој го постигнавме заедно со мојот тим. Шесте победи доволно говорат за тоа колку ние сме биле посветени и желни за победа. Благодарение на добрата игра, сложноста, силната желба и напорните тренинзи ние успеавме да се искачиме на врвот на табелата. Покрај шесте победи имаме и еден нерешен резултат но тоа не покажува дека не сме биле доволно посветени на овој меч, го дадовме својот максимум но поради падови во текот на играта постигнавме таков резултат.

vardar-mladinci-14493-660x330

Крстевски овие две години имаше можност да соработува со Пепи Манасков, а оваа сезона и со Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски. Колку промената на тренерите имало влијание во играта на Крстевски, кој вели дека секој играч треба да го дава својот максимум на теренот да ги исполнува поставените задачи од тренерите.

-Секако дека промената на тренерите има големо влијание како врз мене така и врз останатите соиграчи. Секој тренер има своја тактика, свој план на игра кон кој ние треба да се придржуваме и да го дадеме максимумот од себе, за да го покажеме тоа најдобро во игра.

Иако неговата природна позиција е лево крило, Виктор може подеднакво добро да одговори и на позицијата, организатор на играта.

-Мојата стартна позиција е крило и себеси најдобро се пронаоѓам во таа улога. Кога има потреба се ротирам на централната позиција со цел да бидам од помош на мојата екипа.

Оваа сезона добива поголема минутажа од тренерскиот двоец во екипата на Вардар, а во есенскиот дел има постигнато и 11 голови.

vardarfans-analiza

-Кога станува збор за мојата минутажа која што се зголеми со преминување во другата екипа тоа се должи на мојата лична напорна работа и давање на својот максимум на тренинзите за да можам целосно да се претставам себеси и мојот тим на утакмиците. Бев повеќе од мотивиран и подготвен да дадам се од себе за да го добијам тоа што го сакам, а тоа е поголема минутажа на натпреварите и горд сум на тоа што мојот труд се исплатеше.

Првобитните очекувања во продолжение од сезоната се најпрво пласман на завршниот турнир, а потоа и напаѓање на трофејот.

-Моите очекувања во пролетниот дел од сезоната е пласман на завршниот турнир или final4. Верувам во мојот тим и знам дека ако продолжиме со соработка како досегашната ќе го постигнеме она кон што се целиме, а нормално тоа е врвот на табелата и освоено првенство.

Звонко Ивановски