Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Стефанија Мишевска: На европското првенство ќе дадеме се од себе и се надеваме на голем успех
Стефанија Мишевска: На европското првенство ќе дадеме се од себе и се надеваме на голем успех

Стефанија Мишевска: На европското првенство ќе дадеме се од себе и се надеваме на голем успех

Изминативе два дена младинската ракометна репрезентација до 19 години имаше можност да игра два контролни натпревари со репрезентацијата на Србија. По една победа забележаа двете селекции, кои се подготвуваат за Европското првенство во Шпанија. На првиот дуел, нашите девојки забележаа убедлив триумф со резултат 32:19. На вториот меч, Србинките возвратија со победа од седум гола разилка 18:25. Селекторот Симовски имаше шанса да ја провери формата на екипата и да се поправи дел од играта во двата правци.

-Секако дека овие два меча беа од голема важност за нас, за што подобро да се воиграме пред Европското првенство. На првиот дуел прикажавме добра игра, што може да се забележи и по самиот резултат. Во вториот натпревар лошо почнавме и така завршивме. Видовме што ни фали во играта и каде грешиме. Имаме време пред заминувањето во Шпанија, да поработиме на тактичкиот дел. Прикажавме колективна игра и мислам дека сме доволно подготвени.

Европското првенство во Валенсија ќе се игра во периодот од 23 јули-2-ри август.

На ЕП ќе дадеме се од себе и се надеваме на голем успех, изјави репрезентативката и член на вториот тим на Жрк Вардар, Стефанија Мишевска за Вардарфанс.

Звонко Ивановски