Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Непрепознатливо издание и прв пораз на Македонија на ЕП
Непрепознатливо издание и  прв пораз на Македонија на ЕП

Непрепознатливо издание и прв пораз на Македонија на ЕП

Македонската ракометна репрезентација го одигра најлошиот натпревар на ЕП и го доживеа првиот пораз. Самиот реултат по првите 30 минути од 6:15 говори за случувањата на теренот. Раната повреда на капитенот Кирил Лазаров и без Миркуловски кој не влезе на овој натпревар, нашата репрезентација немаше што да бара на овој дуел, иако не е за оправдување играта во текот на првиот дел. Беа направени двоцифрен број на технички грешки, што не беше типично за Македонија, на одиграните натпревари во првата групна фаза. Многу фрлени топки во празно, на нашата бековска линија, која не изгледаше ни блиску од опасна по голот на Шпанците, на кој го имаа Перез де Варгас, иако Борко Ристовски во првото полувреме имаше повќе одбранети удари од својот колега, од редовите на Барселона. Неискуството на младиот Велковски, кој промаши два удари, а имаше и изгубена топка, само ја дополнува лошата реализација во нападот, на кој се надоврзаа и два промашени удари на Манасков од својата позиција, како и на Прибак и Кузмановски. Поранешниот играч на Вардар, Алекс Душебаев и донесе на својата селекција предност од 1:7, за во 17 минута, Стојанче Стоилов да внесе само а момент резултатска неизвесност и да намали на 4:7. Сепак следи голема серија на “фуријата“ од 1:8, од кои голем дел од головите беа постигнувани од контра напади. Со звукот на сирената погоди Стоилов за само шестти гол на Македонија по истекот на првото полувреме.

Прв гол на мечот за крилото на Вардар, Поповски кој го намалува резултатот на 7:15. По седум минути игра, избранците на Рибера ја враќаат двоцифрената предност (9:19), а во игра се уште ги нема Лазаров и Миркуловски. Митревски застана на голот во второто полувреме и стигна до својата трета одбрана, додека на спротивната страна, Перез де Варгас имаше 11 одбрани. Поповски ги искористува своите минути на теренот и стигнува до својот втор гол од исто толку обиди. Ништо ново на теренот, Шпанија и по 50 минути игра имаше голема предност (14:25). Предност за шпанците растеше, кога поведоа и со 17:29. На крајот конечниот резултт гласеше 20:31.

Од играчите на Вардар во двете репрезентации, Стоилов постигна 4, Поповски 2, додека кај Шпанија, Кањелас постигна 1 гол.

Данска е прва во групата со 6 бодови (4), додека Шпанија (3) и Германија по 4, (4) Македонија има 3 бодови,(3) Чешка 2 (3) и Словенија 1 бод (3)