Се игра втората групна фаза на Европското ракометно првенство во Хрватска. Вкупно 12 репрезентации се во борба за пласман на првите две места во групите, кои носат пласман во полуфиналето, меѓу кои и Македонија. Што се однесува до листата на најдобри стрелци до овој момент на ЕП, првите две места им припаѓаат на Бјорсен и Сагосен од Норвешка.
Што се однесува до ракометарите кои доаѓаат од редовите на Вардар, најефикасен играч е Лука Циндриќ кој се наоѓа на високото седмо место на оваа листа. Лука има постигнато 22 голови и воедно е најдобар стрелец во редовите на Хрватска. Средниот бек на Вардар има можност да го повтори успехот од последното СП во Франција, кога беше во ТОП-10 најдобри стрелци и исто така најефикасен во својата репрезентација. Останатите двајца вардарци во дресот на Хрватска, Иван Чупиќ има вкупно 14 голови, додека Игор Карачиќ постигна 11 голови. Македонските репрезентативци, Стоилов има постигнато 10 голови, додека Поповски 3 гола. Кањелас за Шпанија до овој момент има 5 голови, додека Марсениќ кај Србија има 6 голови. Во ТОП-10 листата место има и за Дејан Манасков од Македонија кој засега има 21 гол.