Тимот на Вардар утре ќе го одигра вториот пријателски натпревар на подготовките во Анталија, утрешен противник на црвено – црните ќе биде тимот на Берое од Бугарија.
Вардар на овој натпревар ќе се обиде да ја забележи првата победа во 2018 година. Тимот на Берое есенската полусезона ја заврши како четвртопласиран тим во Бугарија со 34 бодови или 14 помалку од лидерот Лудогорец.
Дуелот утре ќе започне во 15-00 часот по македонско време. На овој натпевар повторно ќе го нема Фелипе ниту новиот играч Марментини.