Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Купете го својот омилен производ од фан шопот на Вардар и добијте две гратис влезници за мечот на ЖРК Вардар против Мец
Купете го својот омилен производ од фан шопот на Вардар и добијте две гратис влезници за мечот на ЖРК Вардар против Мец

Купете го својот омилен производ од фан шопот на Вардар и добијте две гратис влезници за мечот на ЖРК Вардар против Мец

Вардарки на 27-ми јануари (сабота) ќе го одиграат првиот натпревар во новата година и тоа во рамките на главната рунда од Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува шампионот на Франција, тоа е екипата на Мец.

Сите кои, почнувајќи од утре па се до сабота ќе купат било каков производ во фан шопот на Вардар, кој се наоѓа во склоп на С.Ц. Јане Сандански, ќе добијат две гратис влезници за натпреварот на ЖРК Вардар против Мец, во Лигата на Шампионите. Ова е добра можност за вардаровите навивачи и воопшто за љубителите на ракометот, истовремено да го набават својот омилен производ од фан шопот и да бидат дел од натпреварот на вардарки против Мец, меч кој во сабота започнува од 17:30 часот.

Посетете го фан шопот и купете го вашиот омилен производ и добијте две гратис влезници за саботниот меч на Вардар во Лигата на Шампионите.