Охеда сепак може да биде и задоволен што околу 15-сетина дена беше дел од шампионот на Македонија. Аргентинецот дојде во Скопје, тренираше неколку денови па потоа замина во луксузната Анталија, се одмори, одигра 90. минути за Вардар а сега дојде ред и да си замине.
Јасно беше уште од првиот ден дека се работи за уште еден играч кој ќе дојде во Вардар, ќе одигра неколку пријателски натпревари и ќе си замине. По Нимани, Чумбе, сега во листата влегува и Охеда.
Со заминувањето на Охеда сега Вардар ќе бара нов играч. Покрај замена за Охеда, Вардар бара и играч кој знае да одигра на средината на теренот односно некој кој ќе го замени Николов.