Црвено-црните девојки утре ги очекува првиот натпревар од главната рунда во ЕХФ Лигата на шампионите, тие се домаќини на францускиот шампион Мец. Дуелот помеѓу вицепрвакот на Eвропа и Мец се игра, утре, сабота со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“- Скопје.
Стручниот штаб на црвено-црните одлучи дека во продолжението на сезоната ќе користи уште една македонска ракометарка. Пријавена за настап во елитната лига е младинската репрезентативка на Македонија, Леонида Гичевска. Левиот бек е прекомандувана од тимот на Вардар Јуниор, моментално во тимот има шест домашни ракометарки и тоа: Бајрамоска, Саздовска,Керамичиева, Мицевска и Ристовска.