Почнува новата сезона во ЛШ во женска конкуренција,во која примататот европски првак го брани екипата на Ѓер,а токму Вардарки ќе се обидат да ги симнат од тоа место оваа сезона.Првиот противник во групната фаза е европскиот вицепрвак,екипата на Будуќност која секогаш е во врвот на европскиот ракомет.
Црногорскиот шампион има богати историја зад своето име.Има освоено 26 трофеи во домашното првенство, 19 трофеи во националниот куп, 5 во регионалната лига,1 освоен ЕХФ куп,3 трофеи во купот на победници на куповите,и 1 титула во Лигата на Шампионите.Екипата последните години ја предводи искусниот Аџиќ а покрај него за помошник ја има Бојана Поповиќ.
Оваа сезона клубот го засилија:Катарина Булатовиќ,Јелена Деспотовиќ, и младите Ема Рамушовиќ и Нина Булатовиќ.Од екипата заминаа неколку ракометарки меѓу кои и нашата Елена Ѓоргиевска,Ирина Никитина,Катарина Језиќ,Ивана Божовиќ,Марија Мугоша и Оливера Вукчевиќ.
На подготовките,настапија на два турнира и тоа “Букурешт трофеј“ и воКопривница.
“Букурешт трофеј“
1.Ростов Дон-Будуќност 26:30
2.Будуќност-Бјетингам 28:21
3.ЦСМ Букурешт-Будуќност 24:20
-Турнир во Копривница
1.Будуќност-Подравка 23:17
2.Крим Меркатор-Будуќност 24:32
3.Будуќност-Михаловце 40:28
Во Вардар ќе недостасуваат Алисон Пино и Татјана Хмирова.Над двете беше извршен оперативен зафат и им следи рехабилитација од повредите.Хмирова ќе биде 4 месеци надвор од терените,а нешто побрзо ќе се врати Алисон Пино.Натпреварот Будуќност-Вардар се игра во недела со почеток од 19:00,со директен пренос на Алфа тв.
18.10.2014