Уште една сигурна победа за Вардарки во супер лигата,вкупно трета во новата сезона.Вардарки во С.Ц Кале беа подобри од екипата на Пелистер 2012 со убедливи 44:16.Рутински како на тренинг го одработија и овој натпревар,како една подготовка пред натпреварот со Будуќност во ЛШ.Освен стартното почесно водство за гостинките,останатото се беше во доминација на црвено-црните.
На овој натпревар,Индира Кастратовиќ настапи речиси со својот втор состав,давајќи им шанса на помладите ракометарки да се докажат.Најефикасни беа Кликовац со 9,Ихнева 8,и Черноиваннеко со 7 постигнати гола.
ЖРК Вардар: Петковска, Суслина, Радичевиќ, Стојановска 5, Митова 3, Николиќ, Лазовиќ 3, Дембеле 5, Фернандес 1, Зебиќ 3, Кликовац 9, Пенезиќ, Черноиваненко 7, Ихнева 8, Лекиќ.
14.10.2014
Фото:жрквардар.мк