Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар го декласираше Металург среде Автокоманда.

Жрк Вардар го декласираше Металург среде Автокоманда.

Избраничките на Индира Кастратовиќ ја забележаа и втората победа во Скопско Супер лигата,откако убедливо ја совладаа екипата на Металург со резултат 22:37.Ова е најголема победа за Вардарки во меѓусебните дуели досега со тимот од Автокоманда.Како ќе се одвива натпреварот се виде уште на самиот старт,кога Жрк Вардар СЦБТ поведе со 0:7.До полувреме предноста се зголемуваше и на одмор се замина со резултат 5:15.

phoca_thumb_l_DD1_5575

Фото:жрквардар.мк

Ништо позначајно не се промени ни во второто полувреме,Вардарки само ја зголемуваа предноста во своја корист.Кастратовиќ им даде шанса и на помладите ракометарки да се докажат.

На овој натпревар не настапија:Пино,Пенезиќ,Радичевиќ,Лејно и Зебиќ.Најефикасна беше Ихнева со 8, Дембеле и Черноиваненко додао по 6 гола.
Статистика: Петковска, Суслина, Стојановска 1, Митова, Николиќ 5,Лазовиќ 5, Дембеле 6, Фернандес, Алтхаус 1, Кликовац 3, Черноиваненко 6, Ихнева 8, Хмирова, Лекиќ 2.

03.10.2014

 

Leave a Reply