Избраничките на Индира Кастратовиќ без никакви проблеми,ја совладаа екипата на Жито Прилеп со убедливи 46:11 и ја започнаа одбраната на титулата во женската супер лига.Натпреварот започна со голот на Олга Черноиваненко,а нејзини беа вкупно четири од првите седум гола на Вардарки, и тоа најчесто преку брзи контранапади.Својот прв гол гостинските ракометарки го постигнуваат во 11 минута за резултат од 7:1 во тие моменти.Без речиси никакви напори,црвено-црните го полнеа голот на Жито Прилеп.Пенезиќ го постигнува својот прв гол на мечот за водство од 10:1 во 16 минута.Во следниот напад уште еден погодок за гостите за намалување на 10:2.Головите за Вардарки се редеа како на филмска лента,се менуваа стрелците речиси во секој напад.Првото полувреме завршува со резултат од 19:3.
Ништо позначајно не се смени и во второто полувреме,единствената разлика беше во тоа што во секоја минута се зголемуваше водството на црвено-црните.
Индира Кастратовиќ на овој меч им даде поголема минутажа и шанса да се докажат на младите Драгана Петковска која го бранеше цел натпревар и имаше одлична партија,како и Сара Митова и Симона Стојановска.Токму овие три ракометарки имаа забележитална улога во вториот дел.Петковска зад своето име на крај имаше 22 успешни интервенции,Митова постигна 7 гола,а Стојановска 3 погодоци.
Конечниот резултат на мечот гласеше 46:11 во корист на Вардар.На овој дуел не настапија Алисон Пино,Јованка Радичевиќ и Татјана Хмирова.Најефикасни беа Черноиваненко со 12,Алтхаус со 10 и Митова со вкупно 7 постигнати гола.
27.09.2014